Спикерката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси денес се сретна со политичките лидери на Тајван во главниот град Тајпеј, додека Кина го покажа своето незадоволство од посетата со спроведување воени маневри надвор од територијата за која тврди дека е своја.
Пелоси рече дека нејзината делегација отишла во посета на Тајван „за недвосмислено да стане јасно дека нема да го напуштиме Тајван“.
„Сега, повеќе од кога било, солидарноста на Америка со Тајван е клучна и тоа е пораката што ја носиме овде денес“, рече Пелоси.
Таа го истакна новоусвоениот американски предлог-закон кој има за цел да го зголеми домашното производство на полупроводници и да им помогне на американските компании да се натпреваруваат со Кина.
Пелоси пред тајванскиот Парламент рече дека нацрт-законот „нуди поголема можност за економска соработка меѓу САД и Тајван“.
Кина изрази остро противење на посетата на Пелоси, предупредувајќи дека тоа би било неприфатливо кршење на она што таа го гледа како нејзин „суверенитет над самоуправниот остров“.
Кусо по пристигнувањето на Пелоси во Тајван, Кина го повика американскиот амбасадор и најави воени вежби во близина на островот.
Пекинг денес, исто така, воведе ограничувања на увозот на овошје и риба од Тајван.