Линкови за пристапност

Кина најави контрамерки ако Пелоси го посети Тајван


Тајван рече дека сè уште не добиле „дефинитивни информации“ за посетата на спикерката на Претставничкиот дом
Тајван рече дека сè уште не добиле „дефинитивни информации“ за посетата на спикерката на Претставничкиот дом

Потенцијалниот план на спикерката на Претставнички дом Ненси Пелоси да го посети Тајван за време на нејзиното патување во Азија во август, предизвика одговор од Кина. Портпаролот на Министерството за надворешни работи предупреди дека Пекинг ќе „дејствува силно за решително да одговори“ и „ќе преземе контрамерки“ доколку Пелоси отпатува на островот.

На прес-конференција вчера, портпаролот на Министерството за надворешни работи Жао Лиџијан го потврди извештајот на Фајненшл тајмс за време на викендов, во кој се вели дека предупредувањата на Кина во врска со потенцијалната посета на Пелоси се „значително посилни“ отколку во претходните времиња кога не била задоволна од политиката на САД кон Тајван.

„Кинеската страна повеќепати јасно ѝ ја стави до знаење на американската страна нашата сериозна загриженост за потенцијалната посета на спикерката Пелоси на Тајван и нашето цврсто противење на посетата“, рече тој.

„Доколку американската страна инсистира на посета, кинеската страна ќе преземе цврсти и силни мерки за да го заштити нашиот суверенитет и територијален интегритет. САД мора да ја преземат целосната одговорност за секоја сериозна последица што ќе произлезе од тоа“.

Во изјавите за различни медиуми вчера, портпаролката на тајванското Министерство за надворешни работи, рече дека иако Тајван секогаш ги поздравува посетите на американските законодавци, владата сè уште не добила „дефинитивни информации“ за посетата на Пелоси.

XS
SM
MD
LG