Русија го обнови протокот на природен гас кон Европа

Руската државна компанија Гаспром го аргументираше намалувањето на гас поради недостиг на гасна турбина што се поправаше во Канада.

Русија го обнови протокот на природен гас преку гасоводот Северен тек кон Европа по 10-дневен прекин за одржување.

Клаус Мулер, шеф на германскиот енергетски регулатор, на Твитер објави дека протокот на гас достигнал 40 отсто од капацитетот, исто како и пред исклучувањето.

Руската државна компанија Гаспром го аргументираше намалувањето на гас поради недостиг на гасна турбина што се поправаше во Канада.

Рускиот претседател Владимир Путин инсистираше на тоа дека Гаспром ќе ги исполни своите обврски за испорака, истовремено предупредувајќи дека работата на друга турбина подоцна овој месец може да донесе повеќе намалувања.

Лидерите на Европската унија предупредија на потенцијалот Русија да го прекине снабдувањето како одговор на притисокот на Западот врз Русија за нејзината инвазија на Украина.

ЕУ побара од земјите-членки доброволно да ја намалат употребата на гас, и за да бараат алтернативни опции и за да ги зачуваат постоечките резерви за зимските месеци.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес и Ројтерс.