Урсула фон дер Лајен во Скопје: Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик

Мислиме дека ова е момент од историска важност, но одговорноста е ваша и само ваша. Ако го поддржете францускиот предлог, политичка меѓувладината конференција ќе се одржи во наредните денови.“, Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европската Комисија.

„Ние сме Македонци не Бугари“, „Бугарија, засрами се“, ова беа само дел од натписите на транспарентите со кои опозицијата ја пречека шефицата на Европската комисија која во Собранието одржа говор за, како што рече, самата директно да ги пренесе пораките од Брисел и земјите членки токму на денот кога во парламентот се разгледува „францускиот предлог“.

Довикувањата и натписот на говорницата не ја попречи Урсула фон дер Лајен да ја прати главната порака за што и дојде во Скопје.

„Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Пак ќе повторам, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик и ние тоа целосно го почитуваме и затоа во францускиот предлог именувањето на јазикот е како „македонски“ без какви било одредници од страна ЕУ. Предлогот, исто така, го почитува вашиот национален идентитет. Ве уверувам дека билатералните прашања, како што е интерператција на историјата, не се услови во пристапните преговори.“, изјави Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европската Комисија.

Your browser doesn’t support HTML5

Ве уверувам дека билатералните прашања, не се услови во пристапните преговори.“, изјави Урсула Фон Дер Лајен

Повика земјата да гледа напред и да ја искористи шансата за страт на пристапните преговори, 17 години откако стана кандидатка.

„Мора да ја зграбиме можноста пред нас за почеток на пристапните преговори и заедно да работиме на патот што ве води кон ЕУ. Ова може да се направи веќе идната недела со преземање на првиот чекор од францускиот предлог, а вие добро ја знаете неговата содржина, тој ги штити вашите интереси. Мислиме дека ова е момент од историска важност, но одговорноста е ваша и само ваша. Ова е за патот кој вие ќе го изберете. Ако го поддржете францускиот предлог, политичка меѓувладината конференција ќе се одржи во наредните денови.“, Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европската Комисија.

Потоа, веднаш би почнала фазата на скриниг по чие завршување би следела втората Меѓувладина конференција за чие одржување ќе биде потребно да заврши процесот на промена на Уставот и вметнување на Бугарите.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи деблокада на евроинтеграциите и отворање на првата фаза од пристапните преговори, што ќе претставува позитивен импулс за реформскиот процес и напредок на Северна Македонија.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски потенцираше дека македонскиот јазик и идентитет мора да бидат почитувани и гарантирани од страна на Европската Унија.