Линкови за пристапност

Десетти ден протести против францускиот предлог, опозицијата децидна - отворање на Уставот нема да има


Навистина не знам што друго да кажам освен тоа дека треба да кажат „не“ во последен момент, рече Христијан Мицкоски
Навистина не знам што друго да кажам освен тоа дека треба да кажат „не“ во последен момент, рече Христијан Мицкоски

Лидерот на опозицијата  Христијан Мицкоски смета дека пленарната седница во Собранието е обична фарса и ги повика пратениците од владеачкото мнозинство да не го поддржат францускиот предлог. Десеттиот ден на протестите мина мирно, граѓаните бараа оставки додека говорниците масовност и одлучно „НЕ“

СКОПЈЕ - Десетиот ден на протестите против еентуалното прифаќање на францускиот предлог мина мирно, без никакви инциденти и насилства. Почна во веќе познатиот термин - 19 часот пред Владата а по маршрутата МНР и Собрание како последна дестинација. Грааните присутни на протестот бараа оставки од премиерот Ковачевски, шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ, отфрлање на предлогот на Франција и спречување на предавство.

Пред самиот почеток претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека неговите пратеници нема да поддрат измени во Уставот и дека тие нема да се случат бидејќи нема да има двотретинско мнозинство. Ги повика пратениците од владеачкото мнозинство да гласаат против.

„ Јас навистина не знам што друго да кажам освен тоа дека треба да кажат НЕ во последен момент. Претпоставувам дека барем малку има македонско во нив и ако има барем малку македонско во нив тогаш ќе кажат НЕ. Бидејќи ќе повторам уште еднаш, ова што се нуди не е почеток на преговори за Македонија. Ова што се нуди е сликање во Брисел, за да ги отпочнеме преговорите потребно е да биде променет Уставот, а ние како ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажавме дека Уставот нема да се промени и покрај шпекулациите на одредени слуги и платеници на власта дека постоеле вакви, постоеле такви структури во Парламентот“, рече Мицкоски.

На новинарско прашање соопшти и која ќе биде неговата порака утре до Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европската Комисија.

„ Дека ова е Македонија, ова е македонски народ со своја традиција, дека ова е македонски народ кој со векови се борел за своја сопствена држава, има своја култура која што е со векови, кој говори македонски јазик и е горд затоа што говори македонски јазик и е горд затоа што е македонски народ кој живее во својата Македонија“, рече Мицкоски.

Пред Собранието пак, поетот Георги Барбаровски кажа дека доаѓа на протестите бидејќи Владата го шири стравот кој го поткопува јадрото на демократијата со тоа што ги шири тезите како „сега или никогаш“.

„ Тука сум затоа што не сакам да ме бројат како уште еден излажан, доаѓам за утре кога внуците ќе ме прашаат каде беше дедо и што правеше кога се решаваше за идентитетот, за јазикот, историјата за достоинството на Македонија, да можам да им кажам бев на вистинското место. Како поет знам дека најдобрите песни се раѓаат кога се околу се буди и се доведено во драматичност која вели сега е вистинскиот момент да се буди. Доаѓам затоа што гледам дека страв и гнев се вгнездува меѓу луѓето. Политиката стравот го умножува велејќи сега или никогаш, се или ништо“, рече Барбаровски.

Новинарот Горан Момировски пак кажа дека Вчадата лаже кога вели дека нема алтернатива и дека оставакат не е доволна барајќи одговорност за предавство.

„ Ни велат овие од преку пат овде и таму од „Илинденска“ дека било тешко и дека немало алтернатива. Вие знаете дека секогаш има алтернатива. Зарем Питу Гули имал алтернатива во 1903-тата. Зарем Гоце Делчев имал алтернатива? Зарем Михајло Апостолски имал алтернатива кога се борел со бугарските фашистички окупатори овде во Македонија? И точно една работа дека нема подобар предлог од овој што сега ни се нуди, но само додека е оваа Влада на власт, само дотогаш нема подобра алтернатива. Во македонската историја сме го имале Коте од Руља, , но сега имаме и Љубчо од Делчево, Зоран од Муртино, Стево од Автокоманда, Димитар од Куманово. Секогаш сме ги имале и секогаш сме ги победувале во историјата и сега ќе биде така“, рече Момировски.

Интересно е што партијата „Левица“ ги повика своите членови, активисти и симпатизери да дојдат на „Денот Д“ пред Собранието на протест во 12 часот додека ВМРО - ДПМНЕ ги повика своите симпатизери активисти и членови да го сторат истото н во 13.30 часот откако ќе почне пленарната седница на Собранието на која ќе се разгледува информацијата на Владата за францускиот предлог и на која ќе се обрати Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европската Комисија.

XS
SM
MD
LG