Вишата американска дипломатка Розмари ди Карло во функција на заменик-генерален секретар за политички прашања во ОН, назначена од генералниот секретар Антонио Гутереш беше во посета на Босна и Херцеговина и даде ексклузивно интервју за босанската редакција на Гласот на Америка.
Your browser doesn’t support HTML5
„Верувам дека континуираните поделби во општеството се извор за недостатокот на напредок што го видовме досега во Босна Херцеговина“ предупреди Розмари ди Карло и препорача дека општеството има потреба не само од политички лидери, туку и да се здружи на патот напред за да го реализира целосниот потенцијал на Босна Херцеговина.
Очигледно постои голема желба земјата да стане членка на Европската Унија, што, ние, целосно ја поддржуваме таа заложба“Ди Карло за аспирациите на Босна кон ЕУ
Според неа, со лидерите од Босна имала дискусија за тоа каде се наоѓа Босна Херцеговина во моментов на политички и економски план. „Постои потреба да се здружиме, како што реков, за неопходните реформи кои движат напред, а исто така треба да се формира заедничка визија за иднината на Босна. Очигледно постои голема желба земјата да стане членка на Европската Унија, што, ние, целосно ја поддржуваме таа заложба“, изјави Розмари ди Карло, поранешен заменик-помошник државен секретар за европски и евро-азиски прашања во Стеjт Департментот во разговорот за Гласот на Америка.
„Потребно е искоренување на поделбите што ги гледаме во општеството, вклучително и сузбивање на зголемувањето на говорот на омраза, а тројцата претседатели да покажат лидерство во борбата против ваквите прашања“, рече ди Карло.
Според ди Карло, ОН имаат голем број иницијативи за промовирање на економскиот напредок, а активно се работи и на градење мир и помирување, особено меѓу младата популација.
„Очигледно има потреба од некои реформи во економската и политичката област, но и во судскиот сектор на Босна и Херцеговина“, изјави вишата дипломатка Ди Карло.