Професионалните медиуми во Северна Македонја, покрај економските предизвици, денес се соочуваат и со голем број други препреки, предизвикани од нелојалната конкуренција и бројните лажни вести, кои се шират во медимскиот простор.
Охрид њуз, како прв интернет - портал во земјата, се обидува да се справи со секојдневни предизвици, при тоа нудејки сопствени вести, а вести преземени од други медиуми.
Првиот информативен портал во Северна Македонија, со работа почна во 2006 година. Скромно, и со ограничени ресурси, денес, ги следи современите текови, кои ги бара модерниот читател и гледател.
„Кој се помалку чита и гледа и кој повеќе сака да му е изџвакано и да му е подготвено“, коментира Горан Момироски, сопственик и главен уредник.
Во време, кога многу медиуми едвај преживуваат, Момироски вели дека во периодот на големата Ковид криза, која се уште трае, се одлучиле да направат одредени измени и да отпочнат нов развоен циклус.
а проширивме и зголемивме нашата редакција. Успеавме да обезбедиме соодветна опрема, со која започнавме неколку серијали на нови емисии, кои ги пласираме на сите наши платформи.Момироски, сопственик и главен уредник
„Ја проширивме и зголемивме нашата редакција. Успеавме да обезбедиме соодветна опрема, со која започнавме неколку серијали на нови емисии, кои ги пласираме на сите наши платформи. Работиме емисии и во живо, и лајв стримови“, вели Горан Момироски, сопственик и главен уредник.
Уште поголем предизвик за професионалните медиуми во земјава е да се истрае во борбата со нелојалната конкуренција, и големиот број на информации, кои се шират. Многу од нив, се и со сомнителни содржини.
„Битката, која ја водат не само медиумите туку и целиот свет, против лажните вести. Имате конкуренција, во која спаѓа и секој еден човек, кој може нешто да сликне, да сними и да постира на социјалните медиуми. Живееме во време во кое светот е во криза, а медиумите како одраз на едно општество и тие се во некоја одредена криза“, вели Горан Момироски, сопственик и главен уредник.
Она со што во моментот се соочуваме по интернет порталите е пренесување на информации, „копи - пасте“, непроверени, неточни.Смоковска - Јованова, новинарка во Охрид Њуз
„Она со што во моментот се соочуваме по интернет порталите е пренесување на информации, „копи - пасте“, непроверени, неточни. Дали се брза кон тоа, да се биде прв и ексклузивен и не се води сметка да се запази некој принцип на работа и некои етички норми“, коментира Наташа Смоковска – Јованова, новинарка во Охрид њуз.
Дополнителен предизвик е да се опстојува во мала средина, како што е Охрид.
„Затоа што економската моќ на заедницата е толкава, колкава што е и воопшто економската моќ на медиумите, која е слаба. Тоа отвора и некои одредени прашања, па истите мора да се снаоѓаат на најразличен начин. Ние одлучивме да одиме по патот на професионалното и етичко новинарство и да се бориме на пазарот со креативни идеи“, додава Горан Момироски, сопственик и главен уредник.
„И тоа е предизвик плус, да се опстојува во една мала средина, каде што начинот на добивање на информација е отежнат, за разлика од сите оние медиуми, кои ги имаме во главниот град“, вели Наташа Смоковска - Јованова, новинарка во Охрид њуз.
Но, и покрај се, плановите на Охрид њуз, не застануваат овде.
„Имаме идеи кои сакаме да ги реализираме во наредниот период, доколу условите го дозволат тоа. Тоа зависи од економските фактори, кои во моментот не се поволни и тоа е проблем со кој се соочуваат сите медиуми“, вели Горан Момироски, сопственик и главен уредник.
Бројни интернет портали секојдневно никнуваат во македонскиот интернет простор, но само мал број од нив функционираат како вистински медиуми, со импресум, сопствена редакција и новинари.