Линкови за пристапност

Зеленски ја брани одлуката на САД да испратат касетни бомби


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ја бранеше одлуката на администрацијата на Бајден да му обезбеди на Киев касетна муниција, оружје забрането од повеќе од 120 земји поради нивната неселективна способност за убивање, велејќи дека тоа ќе ѝ помогне на Украина да се одбрани од руската агресија.

„Многу е едноставно да се критикува касетната муниција“, рече Зеленски на новинарите за време на неговиот состанок со американскиот претседател Џо Бајден.

„Оваа одлука ќе ни помогне да не` спаси“, додаде тој.

Одлуката на Вашингтон создаде непријатност кај некои сојузници на НАТО, од кои многумина се потписници на конвенцијата со која се забранува оружјето.

Украинскиот лидер истакна дека Москва користи касетна муниција на бојното поле.

„Не слушнав дека некои од вас ја критикуваат Русија“, рече тој.

Бајден и Зеленски се состанаа на маргините на самитот на Алијансата во Вилнус, каде што лидерите на НАТО го затворија својот дводневен собир со обновена поддршка за Киев да се приклучи на алијансата, но не ги исполнија конкретните обврски или временска рамка што ги бараше Зеленски.

„Денес се среќаваме како рамноправни. Со нетрпение го очекувам денот кога ќе се сретнеме како сојузници“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Лидерите на НАТО во својата писмена изјава во вторникот, рекоа дека „ќе бидат во позиција да упатат покана до Украина да се приклучи на алијансата кога сојузниците ќе се согласат и ќе бидат исполнети условите“.

Миша Комадовски придонесе за овој текст

XS
SM
MD
LG