Линкови за пристапност

Зеленски утре ќе ја посети Белгија, ќе потпише безбедносен договор


Зеленски и белгискиот премиер ќе одржат и прес-конференција во Брисел, се вели во писмената изјава на белгиската влада, во која ја најавува посетата на украинскиот претседател
Зеленски и белгискиот премиер ќе одржат и прес-конференција во Брисел, се вели во писмената изјава на белгиската влада, во која ја најавува посетата на украинскиот претседател

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе ја посети Белгија и ќе потпише безбедносен договор со премиерот Александер де Кро, соопшти белгиската влада.

Украинскиот лидер бара поголема воена помош од неговите западни сојузници додека неговите трупи се борат да ги задржат инвазивните сили на Русија.

Во понеделникот, тој ја посети Шпанија, која вети воена поддршка во вредност од една милијарда евра (1,08 милијарди долари) оваа година според безбедносниот пакт меѓу Зеленски и владата на шпанскиот премиер Педро Санчез.

Украина потпиша серија такви договори со своите западни партнери, ветувајќи долгорочна безбедносна помош во форма на снабдување со оружје и обука за силите на Киев.

Зеленски и белгискиот премиер ќе одржат и прес-конференција во Брисел, се вели во писмената изјава на белгиската влада, во која ја најавува посетата на украинскиот претседател.

XS
SM
MD
LG