Линкови за пристапност

Како говорот на Бајден во Конгресот влијаеше врз Украинците?


Американскиот претседател Џо Бајден ги поздравува членовите на Конгресот откако го одржа говорот за состојбата на нацијата во Претставничкиот дом, на 7 март 2024 година
Американскиот претседател Џо Бајден ги поздравува членовите на Конгресот откако го одржа говорот за состојбата на нацијата во Претставничкиот дом, на 7 март 2024 година

Претседателот Џо Бајден го отвори говорот за состојбата на нацијата минатата недела со молба да продолжи да ја поддржува Украина, давајќи им на Украинците надеж дека пакетот помош од САД ќе биде одобрен.

Нацрт-законот за странска помош, кој вклучува поголема помош за Украина, се соочува со противење во Претставничкиот дом на САД, кој е под контрола на републиканците.

Претседателот Бајден уште еднаш ги повика законодавците да го поддржат нацрт-законот за странска помош кој вклучува поголема помош за Украина, по неколку месеци одложување.

Политичкиот аналитичар Микола Давидиук, директор во „Think Tank Politics“, рече дека додека говорот на Бајден бил позитивно прифатен во Украина, и оти Украинците чекаат акција.

„Мислам дека Украина беше една од главните теми а, исто така, сега чекаме од законодавците да дејствуваат, по неговите зборови кои беа одлични, но сега тие треба да ги поддржат овие зборови со акција. Тоа е очекување на украинскиот народ“, вели тој.

Граѓаните во Украина се задоволни што државата беше вратена во центарот на вниманието, што дава надеж дека поддршката на САД ќе продолжи.

„Бидејќи тој е актуелен претседател на САД, мислам дека има одредено влијание. Ви благодарам многу за помошта што ја пружаа и се надевам дека ќе продолжат да ја пружат“, велат граѓаните.

„Мислам дека Русија ќе направи се` за да ја одложи оваа помош, за жал. Но, сите се надеваме дека тие САД сепак ќе се договорат за оваа помош во блиска иднина. Затоа што ни треба. Ние зависиме од тоа“.

Некои беа поскептични.

„Мислам дека не зависи многу од обраќањето на Бајден, бидејќи таму сè уште има конгресмени“.

Додека Украинците продолжуваат да ја бранат слободата и демократијата на бојното поле, тие бараат акции наместо зборови, надевајќи се дека дополнителната помош од САД ќе биде одобрена пред да биде предоцна.

XS
SM
MD
LG