Линкови за пристапност

Заштита од кибернетски напади, заеднички мисии: Армиските началници потпишаа заедничка изјава на конференцијата на Јадранската повелба и САД


Конференција на началниците на Генералштабови од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5)
Конференција на началниците на Генералштабови од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5)

Живееме во историски времиња. Руската агресија и терористичките групи претставуваат најсилната закана за Алијансата, рече генералот Кристофер Каволи, командант на врховната сојузничка команда на НАТО за Европа и на командата на силите на САД во Европа

Поголема интероперабилност, борба против кибернетските закани, постојана подготвеност поради руската инвазија врз Украина, како и справување со тероризмот беа дел од точките за разговор на учесниците на 26.та конференција на началниците на армиите од земјите членки на Јадранската повелба и командата на силите на САД во Европа, којашто денеска се одржа во Скопје.

Конференцијата беше финализирана со потпишување заедничка изјава на армиските началници од Северна Македонија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, како и САД, како земја партнер на Јадранската повелба.

Генерал Васко Ѓурчиновски, Началник на генералштабот на македонската армија
Генерал Васко Ѓурчиновски, Началник на генералштабот на македонската армија

„Разменивме информации и податоци за мирот, безбедноста, просперитетот на регионот и сите можни форми на соработка кои ги очекуваме во периодот што претстои“, изјави началникот на генералштабот на македонската армија, генерал Васко Ѓурчиновски.

Ѓурчиновски ја нагласи улогата на САД како значаен поддржувач во развојот на македонската одбрана.

САД беа, се и ќе останат наш најзначаен стратегиски сојузник на сите полиња. Особено и од доменот на одбраната и вооружените сили
Генерал Васко Ѓурчиновски

„Ги реафирмиравме нашите заложби за партнерство и соработка во иднина, имајќи го во предвид фактот дека САД беа, се и ќе останат наш најзначаен стратегиски сојузник на сите полиња. Особено и од доменот на одбраната и вооружените сили. Разговаравме за идните можни соработки и нивно продлабочување и интензивирање во периодот што претстои“, рече Ѓурчиновски.

На конференцијата САД присуствуваа со побројна делегација што ја предводеше генералот Кристофер Каволи, командант на врховната сојузничка команда на НАТО за Европа и на командата на силите на САД во Европа.

Генерал Кристофер Каволи, командант на врховната сојузничка команда на НАТО за Европа и на командата на силите на САД во Европа
Генерал Кристофер Каволи, командант на врховната сојузничка команда на НАТО за Европа и на командата на силите на САД во Европа

Каволи на завршната конференција истакна дека нашата сегашност е исполнета со историски важни случувања, особено на полето на безбедноста.

Руската агресија и терористичките групи претставуваат најсилната закана за Алијансата
Генерал Кристофер Каволи

„Живееме во историски времиња. Руската агресија и терористичките групи претставуваат најсилната закана за Алијансата. Со цел да се бориме со оваа закана, членките се обврзаа дека продолжат со своите обуки и вежби со сојузниците партнери. Со партнерите во рамките на 20-годишнината на оваа повелба, продолжуваме соработка и даваме придонес во одбраната и во регионалната безбедност на истите“, посочи Каволи.

Конференција на началниците на Генералштабови од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5)
Конференција на началниците на Генералштабови од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5)

На конференцијата, покрај началникот на Генералштабот, Ѓурчиновски како домаќин и командантот Каволи, учествуваа и началниците на армиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, како и високи воени претставници од Здружената команда на НАТО од Неапол и од командата на САД за Европа.

Како набљудувачи на конференцијата присуствуваа и воени претставници од Словенија и од Косово.

XS
SM
MD
LG