Смртните случаи од предозирање со дрога во САД благо се зголемиле во 2022 година, објавија Центрите за контрола и превенција на болести. Тоа, пак, ја прави првата година без значително зголемување од 2018 година.
Официјални лица од Центрите за контрола и превенција на болести велат дека бројките стагнирале во поголемиот дел од минатата година, односно новите проценки покажуваат околу 110.000 смртни случаи од предозирање во САД минатата година.
Тоа е речиси два процента повеќе од 2021 година, но не е како зголемувањето од 30 отсто забележано во 2020 година и зголемувањето од 15 отсто во 2021 година.
Осум сојузни држави кои имале некои од највисоките стапки на смртност од предозирање забележале значително намалување.
Додека вкупниот национален број бил релативно статичен помеѓу 2021 и 2022 година, имало драматични промени во голем број сојузни држави: 23 пријавиле помалку смртни случаи од предозирање, една - Ајова - не забележала промена, а останатите продолжиле да се зголемуваат.
Осум сојузни држави - Флорида, Индијана, Кентаки, Мериленд, Мичиген, Охајо, Пенсилванија и Западна Вирџинија, пријавиле значително намалување на смртноста од предозирање за околу 100 или повеќе во споредба со претходната календарска година.
Но, експертите предупредуваат дека смртните случаи од предозирање би можеле повторно да се зголемат поради ситуации, како намалување на онлајн здравствените услуги.
Извор: АП