Линкови за пристапност

100.000 Американци починале од предозирање со дрога за една година, објави ЦДЦ

Смртните случаи од предозирање сега се почести отколку смртните случаи од сообраќајни несреќи, пиштоли и грип, а срцевите заболувања остануваат причина број еден за смрт во САД

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ), сметаат дека 100.000 Американци починале од предозирање со дрога помеѓу мај 2020 година и април 2021 година, што е речиси за 30 проценти зголемување во однос на претходната година.

Иако бројката не е официјална, ЦДЦ велат дека може да потврдат 98.000 смртни случаи досега во текот на овој период, и проценуваат дека вкупниот број најверојатно ќе биде околу 100.300 откако ќе се официјализираат причините за смртта.

Може да бидат потребни месеци за да се истражат и финализираат смртните случаи од дрога. Експертите велат дека зголемената достапност на смртоносните опијати, особено фентанилот, е главна причина, односно е случај во 64 отсто од смртните случаи од предозирање.

Друг фактор е пандемијата на ковид-19, што им отежна на корисниците на дрога да добијат третман или поддршка.

Претседателот Џо Бајден ја нарече бројката „трагична пресвртница“ и нагласи дека неговата администрација „е посветена да стори сé што е во наша моќ за да се справи со зависноста и да стави крај на епидемијата на предозирање“.

Смртните случаи од предозирање сега се почести отколку смртните случаи од сообраќајни несреќи, пиштоли и грип. Срцевите заболувања се причина број еден за смрт во САД, убивајќи 660.000 лица во 2019 година.

Дел од информациите се преземени од Асошиетед прес

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG