Линкови за пристапност

Насекаде висока невработеност на младите

Меѓународната трудова организација вели дека повеќе од 80 милиони млади луѓе не можат да најдат работа и дека значително подобрување на ситуацијата не се очекува годинава.

Во светот се проценува дека има 620 милиони економски активни луѓе под возраст од 24 години, но дека стапката на невработеност меѓу нив е на највисоко ниво до сега забележано од Меѓународната трудова организација. Една од најтешко погодените области е Европа. Во Шпанија невработеноста меѓу младите е 40 проценти годинава, заради што многумина и се откажале од барање работа.

Но и САД не се имуни на трудовата криза. Американска владина агенција известува дека бројот на невработени млади во јули бил највисок до сега забележан за месец јули.

Хилда Солис е американска Секретарка за труд. Таа вели дека има многу преквалификувани луѓе на постари години кои ги земаат работните места што нормално би отишле кај младите. Заради ова, таа вели дека рецесијата навистина им нанела штета на младите спречувајќи ги да влезат во армијата на вработени.

Но, за некои не е се` толку трагично. Директорот за кариера на Универзитеотт на Мериленд Рик Херин вели дека најголем дел од студентите на Мериленд можат да најдат работа, доколку се агресивни.

„Оние деца што знаат што сакаат и се доволно агресивни во процесот на барање работа – ќе ја најдат. Проблем е за оние кои немаат насока и кои се демотивирани, и не ги користат ресурсите што ги нудат центрите за кариера како оние што ние ги обезбедуваме“, вели Херин.

Херин додава дека кога студентите не можат да најдат работа во нивното поле во лоша економија, ќе биде уште потешко да ја најдат кога економијата ќе се поправи. Тој вели, ќе се појават нови дипломирани студенти кои секогаш повеќе се бараат отколку оние кои се назад неколку генерации. Затоа е многу важно веднаш по завршување на училиштето да се пуштат во потрага по она што го сакаат.

Кога се работи за вработување, компаниите остануваат претпазливи, конзервативни и прагматични.

Меѓународната трудова организација вели дека е важно државите да се фокусираат на стратегии што комбинираат политика на обука и едукација за младите. Без тоа, организацијата прогнозира креирање на таканаречени „изгубени генерации“ на работници.

XS
SM
MD
LG