Линкови за пристапност

Неконвенционален инструктор по јога


Џејси ДеВо, 12-годишно девојче, е најмлада инструкторка по јога во САД

Јогата започнала да се практикува во Индија пред повеќе од 2.500 години. На запад му е претставена пред околу еден век и оттогаш популарноста само расте.

Џејси ДеВо ја открила јогата кога имала само осум години и ја засакала.

Толку ја засакала, што на 12 години решила да предава јога. Станала најмлад инструктор по јога со сертификат во САД.

ДеВо предава јога секој вторник. Не наплатува, но преима донации. Целото нејзино семејство се обидува да биде на часот кога таа предава, и кога има место во просторијата.

Деца сакаат да доаѓаат на нејзините часови зашто е забавно за нив, дете да учи дете, вели осумгодишниот Илај Рапр, еден од нејзините ученици.

Рејчел Вилијамс е ветеранка – јоги и само што го завршила првиот клас со Џејси ДеВо.

Таа вели дека е инспиративно за некој што прави јога долго време да се сретне со 12-годишно дете кое не само што прави јога туку и предава. „Имаше убав тек, добра рамнотежа, навистина добра енегрија во класот и ми се допаѓа што таа постојано ни` вели да бидеме насмеани.Мислам дека тоа е важно зашто често сатанува премногу сериозно“.

Кога ДеВо предава јога, таа и самата прави јога.

„Практикувам јога 30 минути до еден час секое утро. Ме полни со енергија и здравје и ме смирува да бидам во сегашниот момент и да уживам во животот“, вели таа.

ДеВо вели дека за неа јогата е физичка и спиритуална пракса и таа сака да ја споделува нејзината пасија за јогата колку што ќе може подолго.
XS
SM
MD
LG