Карни не даде понатамошни детали. САД сакаа да ги испрашуваат жените за повеќе информации за лидерот на ал-Каида по неговата смрт пред повеќе од една недела.
Пакистан ја презеде контролата врз резиденцијата по американската акција и оттогаш жените ги држи во притвор.
Медиумските извештаи пренесоа изјави на американски официјални лица дека во дневникот на бин Ладен имало повик до следбениците да се фокусираат на САД и напади од големи размери. Тие велат дека во дневникот биле опишани заговори за напади врз железничкиот систем во САД.
Бин Ладен се верува дека лично го пишувал дневникот, кој го запленија американските командоси при акцијата за негово елиминирање во градот Аботабад.
Карни рече дека ал-Каида е ослабена, но не уништена по смртта на Осама бин Ладен и оти администрацијата на Обама е претпазлива за можноста од одмазнички напади.