Линкови за пристапност

Евакуирани 35.000 лица поради шумскиот пожар во Колорадо


Чадот од пожарот во Кањонот Валдо го отежна сообраќајот на околните патишта.
Чадот од пожарот во Кањонот Валдо го отежна сообраќајот на околните патишта.

Претседателот Обама во петок ќе ја посети сојузната држава каде огнената стихија уништи стотици домови.

Американскиот претседател Барак Обама утре ќе ја посети сојзуната држава Колорадо каде огромниот шумски пожар што започна во Кањонот Валдо уништи стотици домови. Околу 35.000 жители на Колорадо Спрингс, вториот по големина град во државата, мораа да ги напуштат домовите кога пожарот излезе од контрола. Евакуирани се и две населби во Американската воздухопловна академија, иако таа денес се` уште планираше да пречека 1.000 нови кадети.

Пожарот опустоши над 7.400 хектари, но властите се` уште не знаат точно колку домови изгореа поради тоа што пожарот е вон контрола и не можат да направат увид.

Весникот Денвер пост објави фотографија направена од воздух според која приближно се уништени 300 куќи.

Пожарот започна саботата во националната шума Пајк. Топлото време со температури од над 37 степени само ја зајакна стихијата. ФБИ истражува дали пожарот е намерно подметнат.
XS
SM
MD
LG