Линкови за пристапност

Шумски пожари во Колорадо


Евакуација на 11.000 жители и непознат број на туристи.

Шумските пожари во сојузната држава Колорадо доведоа до евакуација на 11.000 жители и непознат број на туристи. Огнената стихија во Кањонот Валдо, близу Колорадо Спингс, веќе однесе речиси 1.000 хектари шумска површина.

Колорадо во моментов се справува со неколку шумски пожари истовремено. Пожари има и во неколку други западни сојузни држави: Аризона, Калифорнија, Њу Мексико и Јута.
XS
SM
MD
LG