Линкови за пристапност

Војникот од скандалот „Викиликс“ доби ново име


Бредли Едвард Манинг осуден за предавање класифицирани документи на Викиликс официјално стана Челсеа Елизабет Манинг.

Канзаски судија се согласи формално да го промени името на американскиот војник осуден за предавање класифицирани документи на Викиликс.

Канцеларијата на окружниот судија Дејвид Кинг потврди за Гласот на Америка дека Бредли Едвард Манинг станал Челсеа Елизабет Манинг за време на кусо рочиште во средата.

Манинг, поранешен разузнавачки аналитичар, служи казна од 35 години во армиски затвор во Канзас заради протекување на класифицирани владини информации на веб-страница која се бори против тајновитоста.

Најмалку двајца армиски специјалисти го(ја) дијагностицирале Манинг со пореметување за идентитетот на полот.
XS
SM
MD
LG