Линкови за пристапност

Големо невреме во јужниот дел на САД


Најмалку две лица се мртви по невремето што го зафати јужниот дел на државата на Божиќ.

Торнада во Алабама, Луизијана, Мисисипи и Тексас оштетија или уништија голем број домови и оставиja десетици илјади жители во регионот без струја. Овој временски систем исто така предизвика зимски бури во Оклахома, што доведе до сообраќајна несреќа што инволвираше 21 возило.

Властите во Тексас велат дека 25-годишна жена била убиена од дрво кое паднало на нејзиното возило додека возела низ Хјустон. Едно лице загинало во сообраќајна несреќа на автопат покриен со снег во Оклахома.

Метеоролозите велат дека временскиот систем се движи кон средниот запад на САД, предизвикувајќи снежна бура во делови на Арканзас, Охајо, Илиноис и Индијана.
XS
SM
MD
LG