Џорџ Х.В. Буш, почина во петокот на 94 годишна возраст во Тексас. Тој служеше еден мандат во Белата куќа, од 1989-та до 1993-та година. Ковчегот на Буш е изложен во Ротондата на националниот Капитол, а во среда ќе биде пренесен во Националната катедрала во Вашингтон, каде ќе се одржи меморијална служба. Погребот ќе биде во четврток, кај претседателската библиотека во Тексас.
Вашингтон се простува од Џорџ Херберт Вокер Буш, 41-от претседател на САД

5
Ковчегот со останките од поранешниот претседател Џорџ Херберт Вокер Буш пристигна во американскиот Капитол во Вашингтон. (3-ти декември 2018 година).

6
Од лево, поранешниот потпретседател Дан Квејл, поранешниот државен секретар Џејмс Бејкер III, поранешниот потпретседател, Дик Чејни и поранешниот државен секретар Колин Пауел, присуствуваа на оддавањето почит на поранешниот претседател Џорџ Х.В. Буш во Ротундата на американскиот Капитол во Вашингтон. (3 декември, 2018-та година).

7
Ковчегот со останките на поранешниот претседател Џорџ Х.В. Буш покриен со американското знаме беше носен од почесната гарда на САД. (Вашингтон, 3-ти декември 2018-та година.)

8
Претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп оддадоа почит со едноминутно молчење до ковчегот на Буш, изложен во Ротондата на националниот Капитол. (Вашингтон, 3-ти декември 2018-та година.)