Џорџ Х.В. Буш, почина во петокот на 94 годишна возраст во Тексас. Тој служеше еден мандат во Белата куќа, од 1989-та до 1993-та година. Ковчегот на Буш е изложен во Ротондата на националниот Капитол, а во среда ќе биде пренесен во Националната катедрала во Вашингтон, каде ќе се одржи меморијална служба. Погребот ќе биде во четврток, кај претседателската библиотека во Тексас.
Вашингтон се простува од Џорџ Херберт Вокер Буш, 41-от претседател на САД

9
Потпретседателот на САД, Мајк Пенс и втората дама на САД, Карен Пенс оддадоа почит на поранешниот претседател Х.В. Буш во американскиот Капитол (Вашингтон, 3-ти декември 2018-та година.)

10
Ковчегот со останките на поранешниот претседател Џорџ Х.В. Буш покриен со американското знаме поставен во Ротондата на американскиот Капитол. (Вашингтон, 3-ти декември 2018-та година.)

11
Лидерот на малцинството во Претставничкиот дом на САД, републиканецот Кевин Макарти и демократската конгресменка Ненси Пелоси присуствуваа на меморијалната служба за починатиот поранешен американски претседател Џорџ Х.В. Буш на американскиот Капитол. (Вашингтон, 3-ти декември 2018-та година.)

12
Амир Хасан од Њујорк се потпишува во книгата на жалост која беше отворена во Националната галерија на портрети (Вашингтон, 3-ти декември 2018-та година.)