Џорџ Х.В. Буш, почина во петокот на 94 годишна возраст во Тексас. Тој служеше еден мандат во Белата куќа, од 1989-та до 1993-та година. Ковчегот на Буш е изложен во Ротондата на националниот Капитол, а во среда ќе биде пренесен во Националната катедрала во Вашингтон, каде ќе се одржи меморијална служба. Погребот ќе биде во четврток, кај претседателската библиотека во Тексас.
Вашингтон се простува од Џорџ Херберт Вокер Буш, 41-от претседател на САД

1
Ковчегот со посмртните останки на поранешниот американски претседател Џорџ Х.В. Буш пристигна во американскиот Капитол во Вашингтон. (3-ти декември 2018 година).

2
Ковчегот со посмртните останки на поранешниот претседател Џорџ Х.В. Буш во Капитол беше носен од страна на почесната гарда. (3-ти декември 2018 година).

3
Поранешниот претседател Џорџ В. Буш, неговата сопруга Лаура Буш и други членови на семејството гледаат како ковчегот со посмртните останки на поранешниот претседател Џорџ Х.В. Буш беше внесен во Ротундата на националниот Капитол. (3-ти декември 2018 година).

4
Ковчегот со останките од поранешниот претседател Џорџ Херберт Вокер Буш носен по скалите на американскиот Капитол во Вашингтон. (3-ти декември 2018 година).