Линкови за пристапност

Врховниот суд ја блокираше програмата на Бајден за укинување на студентскиот долг


Судиите одлучиле против Бајден со одлука од 6 спрема 3 гласови во корист на шест конзервативно наклонети сојузни држави кои се спротивставија на планот
Судиите одлучиле против Бајден со одлука од 6 спрема 3 гласови во корист на шест конзервативно наклонети сојузни држави кои се спротивставија на планот

Врховниот суд на САД ја блокираше програмата на претседателот Џо Бајден да го укине студентскиот долг во вредност од 430 милијарди долари - потег што требаше да им биде од корист до 43 милиони Американци и да го исполни предизборното ветување на Бајден

Судиите одлучиле против Бајден со одлука од 6 спрема 3 гласови во корист на шест конзервативно наклонети сојузни држави кои се спротивставија на планот.

Одлуката на Врховниот суд им нанесе удар на 26 милиони американски должници кои аплицираа за олеснување откако Бајден го објави планот во август 2022 година.

Конзервативниот главен судија Џон Робертс, придружуван од останатите конзервативни членови на Судот, ја напиша пресудата во несогласување со тројцата либерали на Судот.

Околу 53 отсто од Американците рекоа дека го поддржуваат олеснувањето на долгот на Бајден, а 45 отсто се против, според анкетата на Ројтерс/Ипсос од март, при што испитаниците остро се поделија по партиски линии, а демократите широко го поддржуваат, а републиканците генерално се против.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG