Линкови за пристапност

Бајден ќе прости студентски долг на милиони Американци


Претседателот на САД Џо Бајден го објави својот долгоочекуван план да го исполни своето предизборно ветување дека ќе обезбеди отпишување на долгот од 10.000 долари за милиони Американци, и до 10.000 долари повеќе за оние со најголема финансиска потреба, објави Асошиетед прес.

Бајден во твитот денес објави дека барателите на заем кои заработуваат помалку од 125.000 долари годишно, или семејствата кои заработуваат помалку од 250.000 долари, ќе имаат право на простување на заемот од 10.000 долари.

За примателите на грантови, кои се резервирани за студенти со најзначајна финансиска потреба, федералната влада ќе откаже до дополнителни 10.000 американски долари долг од федералниот заем.

Бајден, исто така, ја продолжува паузата за исплатата на федералните студентски заеми за, како што го нарече „завршно време“ до крајот на 2022 година.

XS
SM
MD
LG