Линкови за пристапност

Закани, јавни навреди, демнење: Македонските новинарки изложени на онлајн вознемирување


Според истражувањето на ПИНА, мотивот за вознемирувањето најчесто бил поради објава на новинарски текстови насочени кон други центри на моќ
Според истражувањето на ПИНА, мотивот за вознемирувањето најчесто бил поради објава на новинарски текстови насочени кон други центри на моќ

Дури 81,6 отсто од 103 домашни новинарки се соочиле со онлајн вознемирување. Повеќето од испитаничките (80,6%) биле со повеќе од 10-годишно работно искуство

Објавени новинарски текстови кон центри на моќ, како и кон владејачките структури најчесто биле причина за бројни закани, јавни навреди, вознемирувања што биле упатени кон новинарките од македонскиот медиумски простор. Податоците се објавени во истражувањето што го спроведе Платформата за истражувачко новинарство и анализи - ПИНА со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Биле анкетирани 103 новинарки од повеќе домашни телевизиски, онлајн и печатени медиуми. Според дадените одговори, дури 81,6 отсто од нив се соочиле со онлајн вознемирување. Повеќето од испитаничките (80,6%) биле со повеќе од 10-годишно работно искуство во новинарството.

Според новинарките, мотивот за вознемирувањето најчесто бил поради објава на новинарски текстови насочени кон други центри на моќ (56.6%), во 43.4% од случаите поради објава на сопствени новинарски текстови за општествени случувања кои биле критички кон властите, во 36.1% поради објавени новинарски текстови за општествени случувања кои биле критички насочени кон некоја партија.

Помал дел од новинарките кажале дека биле вознемирувани како резултат на изразување на лични ставови и мислења за општествени случувања кои биле критички кон властите (24.1%) и кон некоја партија (18.1%).

„Резултатите од прашалникот на ПИНА покажуваат дека дури 81,6% од новинарките во земјава се соочиле со онлајн вознемирување поради својата работа, а речиси половина (43,7%) вознемирувањето не го пријавиле никаде, додека најголем дел од останатите (32%) го пријавиле во својата редакција“, се вели во соопштението од ПИНА.

Над 29.7% од новинарките кажале дека биле споделени нивни фотографии во одредени групи на социјалните мрежи, со цел нивна дискредитација

Над 29.7% од новинарките кажале дека биле споделени нивни фотографии во одредени групи на социјалните мрежи, со цел нивна дискредитација. Со онлајн демнење се соочиле 22% од новинарките, додека оркестрирани кампањи биле организирани против 18.7%.

Иако најголем дел (86,4%) од испитаничките потврдиле дека се информирани во која институција треба да се пријави случај на онлајн вознемирување, само 25,2% се обратиле до надлежната институција. Скоро половина (41,9%) од новинарките кои пријавиле онлајн вознемирување и напади биле многу незадоволни од соработката со институциите, а само две испитанички се изјасниле како задоволни.

Целата детална анализа на ПИНА може да се погледне на следниот линк.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG