Линкови за пристапност

Заев и Мицкоски со идентичен став: Против евентуални условувања од ДУИ за формирање влада


Ниту ВМРО ДПМНЕ, ниту СДСМ, не се согласуваат под, како што велат, уцени и ултиматуми, да формираат влада со ДУИ, која што пак на овие избори оди со кампања за премиер Албанец

Додека Демократската унија за интеграција за овие парламентарни избори ја турка идејата за премиер Албанец и кај двете најголеми македонски партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, преовладува истиот став, дека доколку формирањето на идната Влада зависи од гласовите на пратениците на ДУИ, тие нема да прифатат никаков ултиматум од партијата на Ахмети.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, вели дека е погрешно што ДУИ, на ова прашање му дава етнички призвук.


„Можам да ви кажам дека многу комбинации постојат пост изборно и во ниту една комбинација тоа не е возможно. Така што, да сите комбинации за составување на идната Влада се такви да ако барањата на една политичка опција, не се мечираат со програмата која ќе ја има ВМРО-ДПМНЕ, тогаш жалам тие ќе останат во опозиција. Така што не постои таква комбинација, во која ние би биле пред свршен чин да мора да се сложуваме на непринципиелни барања од страна на определени политички групации“, вели Мицкоски.

И претседателот на СДСМ, Зоран Заев вели дека под таква уцена и услов, нема да прифатат никакво коалицирање.

„Би требало да се потрудат да освојат барем 15-20% македонски гласови, за да воопшто размислуваат да номинираат човек. Она што можам да го кажам дефинитивно е дека ваквиот тип на уцена изразена преку одредени кандидати, веруваат тие дека ќе им донесат гласови, но јас им тврдам дека ќе изгубат гласови заради тоа што тоа е нов национал популизам. СДСМ, нема да прифати никаква уцена, особено не ваков вид на уцена за да формира влада. Знаете дека Заев секогаш има, пет-шест-осум пратеници кои што може да ги најде за да не трпи никаков вид на уцени“, рече Заев.

Заев додава дека после 17 години на власт добро е и за Македонија, но и за ДУИ, ДУИ, да премине во опозиција, за да може да се реформира.

Заев и Мицкоски речиси со идентични ставови за кампањата на ДУИ за премиер Албанец
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:08 0:00

XS
SM
MD
LG