Линкови за пристапност

Медал за заслуги од Националната гарда на Вермонт за министерката Шекеринска


Признанието на Шекеринска ѝ е доделено за нејзиниот ангажман за влез на Северна Македонија во НАТО, а по повод 18 Август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија

Со медал за посебни достигнувања, за нејзиниот ангажман за влез на земјава во НАТО, денеска беше одликувана министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. Признанието ѝ го додели Националната гарда на Вермонт, САД, а чинот на одликување го изврши командантот на Националната гарда, генерал-мајор Грегори Најт. Доделувањето на медалот е по повод 18 Август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија,

“Нејзината визија и ангажман одиграa директна улога за Северна Македонија да стане НАТО сојузник”, се вели во образложението на одлуката, соопштија од Министерството за одбрана.


Во образложението се додава дека Шекеринска имала и витална улога во поддршката и развојот на државната програма за партнерство со Националната гарда на Вермонт.

„Нејзиниот континуиран ентузијазам во партнерството доведе до забележителни успеси во односите. Нејзиното исклучително лидерство, јасни намери и динамичен ангажман служи како пример за целата програма на државното партнерство”, истакнуваат од Националната гарда на Вермонт.

XS
SM
MD
LG