Линкови за пристапност

Илјадници демонстранти низ улиците на Вашингтон - упатени пораки против расизам и за социјална правда


Додека некои беа стационирани во близина на Белата Куќа, низ градот поголеми поворки се движеа и кон Конгресот на САД, а масовен собир имаше и пред споменикот на Абрахам Линколн на Националното шеталиште на САД

Илјадници демонстранти излегоа низ улиците на Вашингтон, каде денеска (сабота, 6 јуни) се одржа најголемиот протест до сега против расизмот и за социјална правда. Повод за протестите во изминатите десетина денае смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој на 25 мај почина при полициско апсење во Минеаполис.


Од рано утрината демонстранти почнаа да пристигнуваат во центарот на главниот град на САД. Во текот на целиот ден имаше различни поворки кои се упатуваа кон повеќе дестинации во градот, а кои се белег на американската држава, политика и историја.

Најбројно и најмасовно беше во близината на Белата Куќа, на новоименуваната сообраќајница „Плаза: Црните животи се важни“, каде можеа да се видат и бројни перформанси на изведувачи од мешани расни состави.

Додека некои беа стационирани во близина на Белата Куќа, низ градот поголеми поворки се движеа и кон Конгресот на САД, а масовен собир имаше и пред споменикот на Абрахам Линколн на Националното шеталиште на САД.


Протестот денеска се одвиваше мирно, ги немаше насилствата и деструкциите што се случуваа пред една недела низ Вашингтон, го почнаа протестите. Учесниците ги извикуваа познатите пароли „Црните животи се важни“, „Нема правда, нема мир“, „Правда сега“.

Полициското присуство беше речиси незабележливо, а на местата каде што стоеја полциски возила, не беа забеллежани тензични ситуации.


Волонтери им обезбедуваа храна и вода на учесниците, како и заштитни маски и дезинфекциски средства.

Атмосферата од денешниот протест можете да ја погледнете на нашата страница на „Фејсбук“.

Во продолжение и галерија од протестот.

XS
SM
MD
LG