Десетици илјади учесници дојдоа на протестот во Вашингтон денеска (сабота, 06 јуни) да го изразат своето незадоволство против расизмот и да упатат пораки за социјална правда. Повод за протестите е смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина при полициско апсење во Минесота.
Протестот низ главниот град на САД се одвиваше мирно, при што насобраните ги извикуваа познатите пароли „Црните животи се важни“, „Нема правда, нема мир“, „Правда, веднаш“.
Полициското присуство беше речиси незабележливо на протестот, а волонтери од учесниците обезбедуваа храна, вода, заштитни маски, а во неколку случаи вршеа и минимални итни медицински интервенции.