Линкови за пристапност

САД се повлекоа од нуклеарниот договор со Русија


Според претседателот Доналд Трамп, има простор за разговори со Русија за нов договор

САД денеска и официјално се повлекоа од нуклеарниот договор со Русија со кој во 1987 година беше ставен крај на студената војна. Според американската администрација, Москва е таа што го прекршила договорот за ограничување на употребата на нуклеарните проектили со среден дострел.

Русија одби да ги уништи новите проектили со кои, според мислењето на НАТО, се прекршува спогодбата. Како одговор на тие прекршувања, САД ќе развијат нови воени глави.

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео посочи дека Русија е виновна за пропаѓањето на договорот.

Помпео нагласи дека Русија, со одбивањето да ги уништи примероците од новиот лансирен систем SSC-8 за ракети со среден дострел, продолжила да ја прекршува спогодбата.

Американскиот дипломат додаде дека САД „нема да останат во договор што Русија намерно го прекршува“. Тој додаде дека новиот руски ракетен систем претставува директна закана за САД и за американските сојузници и партнери.

Сепак, претседателот Доналд Трамп изрази надеж дека е можен нов договор што ќе биде замена за досегашниот.

„Русија би сакала да стори нешто за нуклеарен договор и за мене тоа е во ред. Тие би сакале да направат нешто, но исто така би сакал и јас“, изјави Трамп за Гласот на Америка.

XS
SM
MD
LG