Линкови за пристапност

Со замка за лажен универзитет уапсени нелегални странски студенти во САД 


Лажираната шема содржела понуди за фиктивни студии за лица што сакаат да го продолжат својот престој во САД, иако нивните визи биле истечени

Полицијата во САД уапси 138 лица што паднале на замката за лажни универзитети поставена од американските федерални истражни служби. Се очекува да има уште апсења.

Според федералното обвинение, лажираната шема содржела понуди за фиктивни студии за лица што сакаат да го продолжат својот престој во САД, иако нивните визи биле истечени. Со нелегалното продолжување на престојот, им се отворала можност и за работа.

Во обвинението се вели дека „тие знаеле дека понудата не е за реални студии“, како и дека целта била само да го продолжат својот студентски статус.

Агентите од одделот за домашна безбедност лажниот универзитет го сместиле во Фармингтон, во близина на Детроит. Бил формиран во 2015 година и од тогаш повеќе од 600 странци се пријавиле за фиктивните студии.

XS
SM
MD
LG