Сезоната на есенски панаѓури во САД е во полн ек. Овие фестивали на почетокот беа начин да се прослави богатата жетва. Денес, пак, слават се` друго освен – здравиот начин на исхрана.
Забава, награди, животни... Но, панаѓурот на сојузната држава Северна Каролина во Рајли не би бил панаѓур ако не понуди нешто пржено... или, подобро кажано, се` можно – пржено!
Готвачот Лоренцо Гордон објаснува како пржи – веќе готови колачи!:
„Ги ставате во брашно и млеко. Потоа ги пржите. По три минути, добиваат златна боја и ги поросувате со шеќер во прав“.
Да, уште шеќер!
Речиси да нема нешто што не може да се послужи директно од фритезите на панаѓурот во Рајли. Годинава новитет е – пржена гума за џвакање! Не сте нејзин љубител? Нема проблем – пробајте крофна! Можеби пржен чизбургер? Или, пак, чизбургер на крофна, со сланина?
„Некои велат дека е вкусно, некои дека е одвратно, сепак мора да пробате самите да се уверите“, вели еден посетител.
„Добро е. Да бидам искрен, не очекував“, додава друг млад човек, откако го проба пржениот чизбургер.
Ако воопшто е и можно некое здравствено оправдување, храната може да ја пробате само еднаш годишно, кога панаѓурот доаѓа во Рајли.