Линкови за пристапност

Мишел Обама во здравствена офанзива


Мишел Обама во здравствена офанзива
Мишел Обама во здравствена офанзива

Проектот е дел од иницијативата на првата дама на САД за борба против прекумерна тежина кај децата во земјата

Првата дама на САД Мишел Обама и ланецот на стоковни куќи Волмарт започнаа проект за поздрави и поевтини прехрамбени продукти во САД. Проектот е во рамки на кампањата на Мишел Обама за поздрава храна за децата.

Волмарт, најголемиот ланец стоковни куќи во светот, соопшти дека ќе реформулира илјадници прехрамбени производи за да бидат со поголема хранлива вредност. Планот е да се намали нивото на сол и шеќер во храната до 2015-та година, да се намалат нејзините цени и да се промовираат поздрави производи.

„Во Волмарт не веруваме дека кој и да е муштерија, кој и да е Американец треба да избира помеѓу она што е достапно и она што е поздраво за семејството“, вели Андреа Томас, виша потпретседателка на Волмарт.

Бројни произведувачи на храна, вклучувајќи ги и Крафт фудс и Пепси, лани најавија дека ќе го намалат нивото на сол во нивните производи. Како најголем ланец на продавници во САД, Волмарт може да одигра огромно влијание во промената на прехрамбените навики на потрошувачите.

Проектот е дел од иницијативата на првата дама на САД за борба против прекумерна тежина кај децата во земјата. Мишел Обама смета дека вклучувањето на Волмарт во понудата на поздрава храна е „голема победа“ за Американците. 140 милиони луѓе неделно купуваат во Волмарт.

„Имам надеж не само што за тоа што една компанија чини за здравјето на нашите деца, туку што чиниме како земја, а најповеќе што чиниме како поединци-родители“, вели Мишел Обама.

Таа своевремено беше член на одбор на компанија која обезбедуваше производи за Волмарт, но во 2007-ма се повлече. Одлуката ја донесе неколку дена откако нејзиниот сопруг, во кампањата за претседателските избори, најави дека нема да пазарува во продавницата, поради малите плати и бенефиции на Волмарт за своите вработени.

XS
SM
MD
LG