Линкови за пристапност

После децении чекање, Шар Планина прогласена за национален парк


Shara Mountain - North Macedonia
Shara Mountain - North Macedonia

Првпат од прогласувањето на Галичица за Национален парк во 1958 година и првпат од осамостојувањето, македонските граѓани добиваат ново природно подрачје со највисока заштита

Шар Планина, еден од најголемите планински масиви во Северна Македонија, е прогласена за национален парк. Со 66 гласови „за“ Собранието го усвои законот со кој планинскиот масив се прогласува за национален парк. Со тоа, земјава, првпат од прогласувањето на Галичица за Национален парк во 1958 година и првпат од осамостојувањето, добива ново природно подрачје со највисока заштита.


„Со овој чекор отвораме нова страница и нови можности за заштита на нашето природно богатство, како и можности одржлив социо-економски развој на локално и државно ниво, за воспоставување поширока меѓу гранична соработка и шанси за развој на туризмот“, објави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини после носењето на одлуката во Собранието.


Шар Планина е дом на две-третини од растителниот свет во Северна Македонија и живеалиште на броен животински свет. Со нејзиното прогласување за национален парк, треба да се воспостави раководно тело со планински ренџери кои треба да се грижат за нејзината заштита.

Областа ќе биде поделена на подрачје на строга заштита, зона на активно управување и одржливо користење, како и таканаречена бафер зона, на која е предвиден развој на скијачкиот центар.

За дел од локалното население, новиот статус на планината ќе овозможи прилив на повеќе туристи, но и изградба на инфраструктура, како и електрично напојување и локални патишта.

Насер Нуредини: Влезници за посетителите и давачки за водење бизнис на Шар Планина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00


Во интервју за Гласот на Америка, пак, министерот Нуредини неодамна истакна дека ќе се преземат активности за запирање на дивата сеча, за расчистување на дивите депонии, како и стоп за дивоградбите.

Воедно, Нуредини најави и можно вооведување влезници за посетителите, како и одредени давачки за стопанските субјекти што развиваат бизнис на тоа подрачје.


Македонскиот дел од Шар Планина во мапата за заштита има околу 62.700 хектари. Заедно со деловите во Косово и Албанија, површината достигнува околу 240.000 хектари. Тоа го прави овој планински масив еден од најголемите прекугранични природни подрачја во Европа.

XS
SM
MD
LG