Линкови за пристапност

Насер Нуредини: Влезници за посетителите и давачки за водење бизнис на Шар Планина


Чистење на дивите депонии, спречување на нелегалната сеча, но и наплата на влезници од посетителите и воведување такси за економски активности. Тоа се дел од новитетите што министерот за животна средина ги најави за Шар Планина со нејзиното очекувано прогласување за Национален парк

Строги правила на однесување во заштитените зони, такси за тие што водат бизниси на планината, како и симболични суми за влез во паркот. Овие се дел од проекциите за Шар Планина со нејзиниот очекуван статус на Национален парк, а кои во разговор за Гласот на Америка ги истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Насер Нуредини: Влезници за посетителите и давачки за водење бизнис на Шар Планина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:57 0:00


„Прво што треба да направиме е, како што реков претходно, да го запреме лошото управување и уништувањето. Мора да го запреме создавањето отпад во природата и ќе почнеме со расчистување“.

Клучен играч во развојот се очекува да бидат тамошните села.

„Втората работа што треба да се направи е да се осигураме дека селата во рамките на Националниот парк, ќе добијат поддршка и инвестиции за инфраструктурата. Тие се клучните за ова. Тие се всушност оние што ќе го развиваат еко и алтернативниот туризам“.


Би се барале странски инвеститори, но главното партнерство би било со локалното население.

„Ќе седнеме со сите засегнати страни, особено со луѓето што живеат во оваа област за да објасниме какви активности се дозволени во секоја зона“.

Мојот предлог е во иднина, економските активности што ќе се случуваат, да придонесуваат во финансирањето на Националниот парк, бидејќи тие ги користат природните ресурси на паркот за привлекување на нивните клиенти


Министерот укажува дека недостаток кај националните паркови во земјава е што немаат систем за финансиска самоодржливост.

„Погледнете ги Маврово, Пелистер, Галичица. За жал тие го немаат приходот што треба да го имаат. Треба да земеме пример од меѓународните национални паркови и да видиме дека можеби има потреба да се воведат одредени такси“.

Вели дека економските оператори на Шар Планина, како хотелите, не придонесуваат во менаџирањето. Смета дека тоа треба да се смени.


„Мојот предлог е во иднина, економските активности што ќе се случуваат, да придонесуваат во финансирањето на Националниот парк, бидејќи тие ги користат природните ресурси на паркот за привлекување на нивните клиенти“.

Ќе почнеме постепено, со нешто што би било како солидарен придонес од страна на секој граѓанин. Ова ни припаѓа на сите нам и за да се менаџира би требало секој да покаже индивидуална одговорност


Новитет би било и воведување влезница за посетителите, која на почеток можеби би изнесувала околу едно евро.

„Не зборуваме за големи суми. Ќе почнеме постепено, со нешто што би било како солидарен придонес од страна на секој граѓанин. Ова ни припаѓа на сите нам и за да се менаџира би требало секој да покаже индивидуална одговорност“.

Промените би се одвивале постепено, а би вклучиле и пошумување и запирање на дивата сеча.


„Ќе работиме на долгорочен план. Секако, ова нема да се случи во следните година или две. Грижата за природата е долгорочна стратегија за идните генерации. Да имаме одржливо користење на природните ресурси, а не сè да биде исечено“.

За прекршување на правилата очекувани се и пенали. Сепак, тоа допрва би се планирало.

XS
SM
MD
LG