Промената на фокусот од првичниот во сегашниот, а тоа е признавање на бугарско малцинство, различно од македонско мнозинство е правиот пат низ којшто треба да се води овој процес.
Ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната средба со новинарите на која во голем дел одговараше на прашања за преговарачкиот процес со Бугарија.
Османи истакна дека со Рамковниот договор, е создадена можност за внесување на уште етнички заедници во Уставот.
Отворањето на уставот за сите други етнички заедници е во склоп на политиката на оваа држава кон етничките заеднициБујар Османи
„Со рамковниот договор, Уставот се отвори за сите етнички заедници. Тука не беа вклучени Бугарите. Не беа вклучени ниту Црногорците, ниту Хрватите. Отворањето на уставот за сите други етнички заедници е во склоп на политиката на оваа држава кон етничките заедници“, рече Османи.
Тој нагласи дека нема причина зошто да не се разгледа барањето за вклучување и на бугарската заедница, но само доколку доаѓа од внатре, а не од друга држава.
„Се додека тоа е барање на граѓани кои се од бугарска етничка заедница, тоа не мора да се смета како барање од бугарската држава, туку барање на наши граѓани овде, кои ако сметаат дека сите други етнички заедници се спомнуваат, зошто тие да се исклучуваат. Нема никаков спор во однос на барањето на Хрватите, во однос на барањето на Црногорците. Зошто би имало спор во однос на барањето на Бугарите, коишто бараат да се признае бугарско малцинство, различно од македонското мнозинство. И, ако тоа не го разбираме, мислам дека се враќање во други теми, коишто одвај ги надминавме“, посочи Османи.
Министерот повика претставници на бугарската заедница да се обратат до македонските институции, наместо до институциите во Софија.
Мене ми пречи кога претставниците на бугарската заедница одат во Софија и се сретнуваат со нивните, со бугарските претставници. Бугарија не е нивна држава, ова е нивната држава, тие се наши државјаниБујар Османи
„Мене ми пречи кога претставниците на бугарската заедница одат во Софија и се сретнуваат со нивните, со бугарските претставници. Бугарија не е нивна држава, ова е нивната држава, тие се наши државјани. Јас сакам сите етнички заедници, овде да дојдат. Ние треба тука да ги задржиме. Тие да се обратат во нашите институции. Тоа се нивни институции. Ова е нивна држава“, истакна Османи.
Тој додаде дека во преговорите со Бугарија не треба да се мешаат политиката и историјата. Посочи политичарите да не се вмешуваат во историските прашања, ниту пак историчарите, од соодветните комисии, да не завлегуваат во политички теми.
За правата на граѓаните во Бугарија, кои себе си се декларираат како Македонци, Османи рече дека македонската држава нема право да се меша во внатрешните уредувања на Бугарија.
„ Бугарија не признава ниту едно малцинство. Кај нас уставот признава етнички заедници... Ние немаме право да им кажеме да Бугарите дека уставното уредување им е вакво или такво... Тие се бугарски државјани. Бугарската држава треба да застане зад нив. Ние немаме право да застанеме зад граѓани кои не се наши државјани“, рече Османи.
Facebook Forum