Линкови за пристапност

Олимписките игри не се исплатуваат


Атина го предупредува Лондон
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:30 0:00
Direct link

Атина вели дека Лондон може нешто да научи од грчкото искуство

Во време кога Лондон се подготвува за домаќин на Олимписките игри 2012, искуството на Атина од пред осум години може да понуди некои отрезнувачки лекции.

Многу од олимписки објекти сега се обраснати со трева и пропаѓаат. Многумина Грци, па дури и првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет, се согласни дека Игрите во 2004-та придонеле за должничката криза во Грција.

Олимпискиот парк е едно од неколкуте тивки места во Атина. Птиците и одвреме-навреме сирени од бродовите кои минуваат по Егејот, се единствените звуци што овде може да се слушнат. Нема луѓе ниту автомобили.

Осум години подоцна, олимпискиот парк е напуштен, запуштен, и затворен за јавност.

Арената за мечување сега е магацин што го покрива `рѓа.

Патеката за слалом со кану чинела милиони долари, за која била користена вода од вештачко езеро. Езерото е пресушено. Цевките се фрлени на работ на паркот.

Манолис Трикас е член на градскиот совет на населбата Хеленикон, во близина на паркот. За Олимпијадата во 2004-та, вели: „Фокусот на се` беше конзумацијата со цел да се капитализира на олимпискиот феномен и да се креираат рекламни спотови за продажба на производи. За жал, Олимписките игри за Грција беа катастрофални“.

Првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет, Жак Рож, за грчки весник минатата година изјави дека Олимпијадата во Атина ја влошила задолженоста на на земјата. Трошоците за владата изнесуваа околу 11 милијарди долари.

Но, тука не е вклучена цената на новото метро и трамвајски систем, аеродром и нов автопат - изградени за време на Игрите.

Во близина на Олимпискиот парк, поранешни членови од грчкиот тим за софтбол тренираат за следниот меч. Американката од грчко потекло Луиза Шарп беше најдобар стрелец на Игрите во 2004-та, Вели, олимписките капацитети треба да се зачуваат: „Тие се скапи, прекрасни објекти и жално е ако некој ги преуреди само за да направи профит!“

Владата во Атина сака да го продаде земјиштето на олимписките терени на приватни компании. Меѓу заинтересираните е и една од Катар која сака гради грандиозно казино, хотел и аеродром за приватни авиони.

Локалците имаат други идеи. Манолис Трикас и други сограѓани почнаа со засадување маслинови дрвја. Мал дел од паркот веќе е пошумен.

Трикас вели дека за време на периодот на финансиската криза, одгледувањето маслинки се наметна како една од можностите за приход.

Според него, акумулирањето пари нема да помогне во надминување на кризата, туку мрежата на меѓусебна поддршка и солидарност.

Лондон се подготвува за олимпискиот Игри во 2012-та кои ќе го чинат 14, 3 милијарди долари. Жителите од населбата Хеленикон велат дека искуството од Атина, треба да биде предупредување за уште едно пропаднато олимписко наследство.
XS
SM
MD
LG