Линкови за пристапност

Пјонгчанг - домаќин на Зимските олимписки игри во 2018-та


Пјонгчанг - домаќин на Зимските олимписки игри во 2018-та
Пјонгчанг - домаќин на Зимските олимписки игри во 2018-та

Јужнокорејскиот град ги победи францускиот Анеси и германскиот Минхен

Градот Пјонгчанг од Јужна Кореја ќе биде домаќин на Зимските олимписки игри во 2018-та.

Жак Рог, претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го објави победникот и наиде на огромен аплауз од делегацијата од Јужна Кореја:

„ИОК има чест да објави дека 23-ти домаќин на Зимскиот олимписки игри во 2018-та ќе биде градот Пјонгчанг“, објави Рог.

Три градови кои беа во натпреварот, Минхен од Германија, Анеси од Франција и Пјонгчанг од Јужна Кореја имаа последни презентации, вклучувајќи и промотивно видео во кое се нагласија атракциите и се објасни зошто секој од нив би бил подобар домаќин на Олимписките игри во 2018-та.

Тереза Ра, директор по комуникации за промовирање на Пјонгчанг на делегатите им рече дека е време, конечно, да се донесе една зимска олимпијада во Азија:

„Само две олимпијади се одржаа во Азија, а ниту една во Кореја. Во Азија се одржаа зимски олимпијади во Сапоро и Нагано во Јапонија и тие имаат услови за развој, но не се работи за географска трка туку за трка за соништа, за човечки потенцијал“, рече таа.

Зборувајќи на француски, претседателот на кампањата за француски град Анеси, Чарлс Багбедер, рече дека неговиот град на атлетичарите ќе им овозможи трајно сеќавање.

Минхен се надеваше дека ќе биде прв град кој бил домаќин на летна и зимска Олимпијада. Во 1972-ра беше домаќин на летните Олимписки игри во кои беа убиени 17 лица, вклучувајќи 11 од израелската селекција. Зад нападите се беше организацијата „Црн септември“, терористичка група поврзана со партијата Фатах на Јасер Арафат.

XS
SM
MD
LG