Линкови за пристапност

Охрид полн за празничниот викенд, што им се нуди на туристите?


Некои убавото време го искористија за прошетка со кајче или брод до некои од околните атрактивни локалитети кои во голем број ги има околу Охридското езеро

За 2-ри Август и годинава во Охрид се бараше место повеќе. Исполнети се сместувачките капацитети не само во централното градско подрачје, туку и во периферијата на градот. Угостителите тријат раце бидејќи ова е период кога може да се заработи денар повеќе. Но, за разлика од празничниот викенд, во Охрид ова лето кревет можеше да се најде многу полесно за разлика од изминатите години.

Од Летонија сум. Патував со мојот автомобил низ Балканот и дојдов во Охрид. Прв пат сум во Македонија, прв пат во Охрид. Ми се допаѓа многу градот, автентичен е.
Турист од Летонија

Продолжениот празничен викенд во градот донесе многу туристи не само од земјава туку и од странство. Некои од нив ни рекоа дека се за прв пат во Охрид, други пак дека веќе неколку пати доаѓаат овде.

„Од Летонија сум. Патував со мојот автомобил низ Балканот и дојдов во Охрид. Прв пат сум во Македонија, прв пат во Охрид. Ми се допаѓа многу градот, автентичен е. Oва е важен град за Македонија“, вели турист од Летонија.

Некои убавото време го искористија за прошетка со кајче или брод до некои од околните атрактивни локалитети кои во голем број ги има околу Охридското езеро. Димитри Чекреџиоски вели дека негови клиенти се туристи од цел свет кои последните години ги имало во сè поголем број.

„Јас нудам поблиски дестинации за прошетка како што се Струга, Калишта, Радожда, Музејот на вода, Пештани. Исто така еден до два часа капење од чамец. Околу стариот дел на градот има половина до еден час возење како и резиденцијата на владата“, вели Чекреџиоски.

Јас сум од Белград и ако ви кажам дека петти пат по ред доаѓам, мислам дека сè сум кажала. Ми се допаѓаат црквите.
Туристка од Србија

Многумина спасот од горештините го побараа во разладување во езерските води, чија што температура изнесува 25 степени.

„Јас сум од Белград и ако ви кажам дека петти пат по ред доаѓам, мислам дека сè сум кажала. Ми се допаѓаат црквите. Ги има 365 за цела година, луѓето, затоа што сме исти но и спомениците на културата“, вели туристка од Србија.

Наидовме и на гости од Хрватска.

„Од Осиек сум. Прв пат сме овде. Дојдовме во Охрид бидејќи слушнавме дека е убаво. Од она што го видовме, тоа е така. Останавме седум дена и сигурно ќе дојдеме и наредната година“.

Домашните туристи се во најголем број.

„Тука сме веќе петти ден. Многу е убаво затоа и дојдовме. Знаеме дека Охрид ни е најубав град во Македонија. Се капеме секој ден и водата е топла“.

Но, дел од туристичките работници велат дека за разлика од ланската година оваа сезона била послаба.

„За идната година ќе мора да се направи еден роковник кои фестивал, кој настан, кој концерт може да се одржува и кога, се со цел сезоната да биде подеднакво посетена посебно од гостите кои доаѓаат од Скопје и другите градови во Македонија“, вели Владо Суклоски, туристички работник од Охрид.

Минатата година беше една од поуспешните досега, кога земјава ја посетија повеќе од еден милион туристи.

XS
SM
MD
LG