Линкови за пристапност

Северна Македонија најслаба во регионот според можностите за еднаков развој на населението


УНДП: С.Македонија најслаба во регионот според можностите за еднаков развој на населението
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

УНДП: С.Македонија најслаба во регионот според можностите за еднаков развој на населението

Според индексот на човеков развој во извештајот на УНДП, С. Македонија е на 82-та позиција. Словенија е на 24 позиција, Грција на 32, Хрватска на 46, Црна Гора и Бугарија на 52, Србија на 63, Албанија на 69, а БиХ на 75 место

Според индексот на човеков развој Северна Македонија е рангирана на 82-тата позиција во извештајот на УНДП за нееднаквиот развој во 2019. Иако има напредок во изминатиот период ова место е меѓу најслабите во регионот ако се има предвид дека Словенија е на 24 позиција, Грција на 32, Хрватска на 46, Црна Гора и Бугарија на 52, Србија на 63, Албанија на 69, а Босна и херцеговина на 75 место.

„Ќе кажете ова не е добар резултат, назадуваме во однос на соседите, но може и да се каже дека доколку се види кумулативниот раст во индексот на човеков развој во изминатите 15 години вашата земја напредувала повеќе од соседните држави и полека ги стигнувате“, истакна Бен Слеј, Претставник на УНДП за Европа и Евроазија.


Врз основа на анализи на извештајот издвоени се факторите кои влијаат врз нееднаквиот развој во Македонија – клучен е нееднаквиот пристап до можности, како што е пристапот до здравствена заштита, пристапот до пазарот на труд, пристапот до образование.

Потребен ни е систем што ќе продуцира знаење и вештини, а не дипломи. Ако наскоро не преземеме сериозни чекори – наместо да ја внесеме земјата меѓу најразвиените европкси држави, ние ќе се сведеме на извозник на млада и евтина работна сила
Стево Пендаровски, Претседател на С.Македонија


„Нееднаквите можности почнуваат во раното детство, а потоа се продлабочуваат. Еве ги резултатите од ПИСА испитувањето објавено пред 10 дена покажуваат дека учениците кои доаѓаат од добростоечки семејства имаат подобар учинок“, смета универзитетскиот професор Марјан Петрески.

Шефот на државата повика на реформа на образовниот систем – Пендаровски смета дека е потребна нова свежа визија.

„Потребен ни е систем што ќе продуцира знаење и вештини, а не дипломи. Ако наскоро не преземеме сериозни чекори – наместо да ја внесеме земјата меѓу најразвиените европкси држави, ние ќе се сведеме на извозник на млада и евтина работна сила“, укажа претседателот Стево Пендаровски.

Претставничката на УНДП во С.Македонија, Нарине Сахакјан, рече дека бе е доцна да се преземат соодветни чекори.

„Никогаш не е доцна да се преземе нешто, но тоа треба сега да го сториме. УНДП ќе го продолжи своето партнерство со С. Македонија зашто сакаме да изградиме подобра иднина за сите“, истакна Сахакјан.

Во овој извештај Македонија, е групирана во т.н региони во развој и е само од неколкуте европски држави во друштво на земји од Азија, Африка, Латинска Америка, Блискиот исток.

XS
SM
MD
LG