Линкови за пристапност

Комисијата за надворешни работи на Сенатот денеска го разгледува пристапот на Северна Македонија во НАТО


После денешното разгледување, Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО треба да оди на гласање пред целиот Сенат

Комисијата за надворешни работи на Сенатот, денеска ќе одржи сослушување на кое ќе се разгледува пристапувањето на Северна Македонија во НАТО.

Сведоци на сослушувањето ќе бидат помошник - државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, и Кетрин Вилбаргер, американски заменик - помошник секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања.

После денешното разгледување, Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО треба да оди на гласање пред целиот Сенат.

Претседавач со Комисијата е сенаторот Џејмс Риш. Тој во интервју за Гласот на Америка истакна дека гласањето се очекува во текот на овој месец.

„Многу веројатно тоа ќе се случи во јуни. Претпазливи оптимисти сме дека тоа ќе го направиме тогаш“, рече тогаш Риш.

Сенаторот истакна и дека очекува голема поддршка за ратификација на Протоколот или, како што рече, 98 од 100 сенатори би гласале за него.

XS
SM
MD
LG