Линкови за пристапност

Жолтиот локван - во опасност од целосно исчезнување од Охридското езеро


Локванот опстојува на мирни места и во води кои не се загадени
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:56 0:00

Локванот опстојува на мирни места и во води кои не се загадени

Причина е човечкиот фактор. Деградирање на површината на локванот се врши со депонирање на шут и бетонирање на околните површини

Ова е жолтиот локван. Едно од најубавите растенија кое опстојува во Охридското езеро. Карактеристичен е по крупните листови во форма на срце и пријатниот мирис кој го шири. Важи и за прочистувач на езерската вода.

Марина Талевска, од Хидробиолошкиот институт од Охрид, објаснува дека станува збор за т.н. пливачко растение.

Претставува храна за многубројните животни, кои опстојуваат во езерските води, а листовите како места за гнездење на некои водни птици. Цвета од почетокот на мај, па се до октомври.

„Ризомите односно корените содржат хранливи и некои лековити состојки и може да се користи и во фармаколошката индустрија“, изјави Марина Талевска -хидроботаничар од Хидробиолошки институт Охрид.

Најраспостранет бил во 60-те и 70-те години на минатиот век. Го имало, на повеќе локации долж крајбрежниот појас на Езерото.

За жал жолтиот локван е едно од водните растенија кои се во опасност од исчезнување од Охридското езеро, поради невниманието и неконтролираното човеково влијание.
Талевска, хидроботаничар


„За жал жолтиот локван е едно од водните растенија кои се во опасност од исчезнување од Охридското езеро, поради невниманието и неконтролираното човеково влијание. Дел од популациите на жолтиот локван се веќе исчезнати“, коментира Марина Талевска, хидроботаничар од Хидробиолошки институт Охрид

Но се уште го има кај струшкото село Калишта. Но, и таму површината постепено се намалува.

Марина Талевска, хидроботаничар од Хидробиолошки институт, предупредува: „Ова деградирање на површината на локванот се врши со депонирање на шут, со бетонирање на околните површини итн. Би требало да се воведат некои акти со кои што би се заштитил Жолтиот локван за да остане како вид во Охридското езеро“.

Локванот опстојува на мирни места и во води кои не се загадени.

Охриѓани велат дека жалат за времињата кога ова растение кое е реткост и во светски рамки, го имало многу повеќе низ езерото.

Локванот растеше на потегот каде завршуваше трската до самата улица. Тоа беше растојание од 30- 40 метри.
Наумоски, жител на Охрид


„Локванот растеше на потегот каде завршуваше трската до самата улица. Тоа беше растојание од 30- 40 метри. Беше лист до лист. Кога ќе се расцветаше со тие жолти цветови, беше прекрасно. Ние низ него вадевме школки. Пред 30-40 години се донесе голем шут на потегот до трската. Но со тоа локванот се уништи“, вели Михајло Наумоски, жител на Охрид.

Македонското лимнолошко друштво од 2006 година до 2008 година спроведе проект за ревитализација на ова растение.Со земање на садници од Калишта, истите беа засадени во месноста Мазија, на охридска страна.

„Така да целата површина пред локалитетот Мазија, беше преплавена со локвен. Меѓутоа во денешно време, се среќаваат само неколку поединечни фрагменти од жолтиот локван“, наведува, Марина Талевска, хидроботаничар од Хидробиолошки институт.

Во светски рамки, овој вид според ранливоста е сместен на црвената листа според меѓународна унија за зачувување на природата. Како причини се наведуваат, неконтролираниот туризам и активностите на луѓето за сушење на водни еко-системи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG