Најновиот извештај на Светската банка за Југоисточна Европа наведува дека опоравувањето на глобалната економија во 2011-та оди по надолна линија. Главни чинители се должничката криза во Европа, анемичниот развој во САД и поспорото темпо во Кина и другите нови пазари. Институтцијата со седиште во Вашингтон го истакнува ризикот за уште поголема ресеција во САД како и опасноста од позабавен раст кај поголемите нови економии.
Во таков контекст, просечната стапка на растеж на бруто-домашниот поризвод за земјите од Југоисточна Европа (Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) е 2,1% за 2012-та.
Македонија е единствена земја со одреден простор за функционирање на, како што наведува Банката „поволна фискална политика“, што би дозволило зголемување на владините трошоци за поддршка на економијата, во случај кризата да се влоши. Институцијата препорачува остатокот од регионот да се насочи кон внимателна фискална политика, со фокус на пензиите и платите.
Додека должничката криза во Европа го задира и Балканот, поголемата интеграција и натаму важи за најдобра иднина за земјите од Југоисточна Европа, се наведува во извештајот на Светската банка.