Линкови за пристапност

Западниот Балкан ќе влезе во рецесија во 2020-та


Светската банка предвидува две сценарија кога би почнало опоравувањето на регионот

Западниот Балкан се очекува да влезе во рецесија во 2020-та, и сите шест држави од регионот се очекува да имаат значителен негативен пад поради економското влијание од КОВИД-19, се вели во најновиот извештај на Светската банка за регионот.

Лидерите на балканските држави на средби во Брисел
Лидерите на балканските држави на средби во Брисел

Регионалниот растеж за Западниот Балкан се предвидува да биде во негатива меѓу -3% до -5,5%, според последниот економски извештај на Светската банка. Според оптимистичките прогнози, ако почне забавување на ширењето на вирусот во Европа за брзо време и се укинуваат постепено рестриктивните мерки до крајот на јуни, фазното оправување на економските текови би можело да почне во втората половина од 2020-та. Според песимистичките сценарија, пандемијата нема да биде целосно сузбиена до крајот на август, и тоа и натаму би важеле рестриктивните мерки коишто ги обременуваат економиите, и опоравувањето на економската активност би уследила дури во последниот квартал од 2020-та.

„Магнитудата на рецесијата ќе зависи од времетраењето на пандемијата во Европа“, изјави Линда Ван Гелдер, директорка на Светската банка за Западниот Балкан.


Поединечно, по земји, за Северна Македонија се очекува негативен пад од -3,2 %, Албанија, -6,9, Косово 8,9%, Босна и Херцеговина -4,2% Србија -5.6%, а најнегативна слика се предвидува за Црна Гора двоцифрен, -11,3 отсто пад на бруто-домашниот производ.

Рецесијата во сите држави од Западниот Балкан најмногу ќе се должи на значителниот пад на странска и домашна побарувачка за време на пандемијата. Ограничувањата за патување и мерките за социјално дистанцирање особено ќе имаат негативен удар врз туризмот и услужните дејности. Во овој сектор спаѓа околу 50% од вработеноста во пет земји во регионот и дури 75% од вработувањата во Црна Гора.

Повеќе: https://www.worldbank.org/en/news/press-release/2020/04/29/recession-looms-for-western-balkans-as-countries-respond-to-covid-19

Светска банка: Прогнози за Западниот Балкан
Светска банка: Прогнози за Западниот Балкан

Главен ризик за Западниот Балкан е дека пролонгирањето на пандемијата, како и подлабоката рецесија во ЕУ ќе ја продлабочи економската криза во која ќе се најде регионот.

Владите во шест држави во регионот најавија фискални и социјални мерки за поддршка на граѓаните и малите бизниси за време на битката за сузбивање на коронавирусот, и тие изнесуваат од 1 до 6,7% од бруто домашниот производ на секоја земја поединечно.
Извештај на Светската банка


Владите во шест држави во регионот најавија фискални и социјални мерки за поддршка на граѓаните и малите бизниси за време на битката за сузбивање на коронавирусот, и тие изнесуваат од 1 до 6,7% од бруто домашниот производ на секоја земја поединечно.

Сепак, извештајот на Светската банка предвидува дека многу жители на Западниот Балкан спаѓаат во категориите на вработени под договор на дело, самовработени или имат примања во готовина при неформални работни активности. Тие се најранливи за време на кризата, и тешко е да се поддржат со конвенционални мерки.

Последното извештај се фокусира на макроекономското влијание од КОВИД-19 врз земјите од Западниот Балкан. Следниот извештај за конкретни економски области и социјални сектори ќе биде објавен во мај.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG