„Најмногу зависи колку ќе биде намалена наплатата на приходите, а колку ќе биде голем дефицитот и потребата за финансирање“, коментира министерката Ангеловска.
Според неа, светот се соочува со глобална епидемија и Северна Македонија има проектирано неколку сценарија како да одговори на предизвикот. „ММФ одобри 176 милиони долари од Инструментот за брзо финансирање, а секоја земја се справува локално иако вирусот е глобална закана. Продолжувањето на вонредната состојба овозможува да се усвојат уредби со законска сила за спречување на ширењето на КОВИД-19. Некои мали бизниси потешко ќе ја пребродат кризата, дел можеби ќе ги преструктуираат работните процеси“, наговести министерката за финансии.
„Можни се и промени во делот на некои синџири на набавка“, најави Ангеловска за Гласот на Америка.
Facebook Forum