Илегалните пазари на живите егзотични животни може да станат историја во следните пет години со оглед на растечката глобална осуда поради ширењето на пандемијата со Ковид-19.
Ваквото расположение во светот беше поддржано со истражувањето од Светскиот фонд за егзотични животни, што покрива пет главни пазари во Источна Азија, каде консумирањето, ѝ натаму постои.
Се што е потребно е политичка волјаПроект за заштита на мечките во Камбоџа
„Се што е потребно е политичка волја“, изјави извршниот директор на проектот за заштита на мечките „Save the Bears“ во Камбоџа, и додаде дека илегалните пазари за егзотични животни може да исчезнат, ако политичарите се подготвени да преземат одлучна акција.
Истражувањето беше спроведено врз 5000 луѓе во Хонг Конг, Јапонија, Мјанмар, Тајланд и Виетнам и околу 90% - „многу веројатно“ или „веројатно“ би ги поддржале владините напори за затворање на илегалните пазари каде се продаваат живи егзотични животни.
Околу 80% од испитаниците велат дека исчезнувањето на ваквите пазари ќе биде многу ефикасно во спречување на идни пандемии.
Facebook Forum