Линкови за пристапност

СЗО: Кризата со Ковид-19 може да биде окончана и пред достапноста на вакцината


Во интервју за британскиот медиум Скај Њуз, директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге рече дека владите треба да преземат активна лидерска улога и да ги поддржат мерките за социјално дистанцирање и за јавно здравје

Директорот за Европа при Светската здравствена организација изјави дека кризата со КОВИД-19 нема исчезне со пронаоѓањето вакцина, туку државите ќе мора да се навикнат да живеат со вирусот.


Во интервју за британскиот медиум Скај Њуз, директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге рече дека владите треба да преземат активна лидерска улога и да ги поддржат мерките за социјално дистанцирање и за јавно здравје, коишто нудат најголеми резултати и по завршувањето на кризата со Ковид-19. „Тоа може да се случи, утре“, изјави Клуге.

Тој призна дека економиите се тешко погодени со затварањето и карантинот, но секој пристап има свој вид на ризик.

Фудбалерите Нејмар, Паредес и Ди Мариа позитивни на Ковид-19
Фудбалерите Нејмар, Паредес и Ди Мариа позитивни на Ковид-19

Како и други здравствени експерти, Клуге предвидува нов скок на случаи со Ковид-19 и хоспитализации како што доаѓаат студените месеци и граѓаните ќе минуваат поголемо време во затворени простории.

Ги охрабруваме економиите и го отворивме образовниот сектор. Тоа е добра вест.
Порака од СЗО


Тој рече: „сега наша цел е уништување на вирусот. Ја менаџираме неговата трансмисијата, ги охрабруваме економиите и го отворивме образовниот сектор. Тоа е добра вест“.

Според првиот човек за Европа во СЗО, „граѓаните мора да продолжат да избегнуваат масовни собирања, да носат заштитни маски, а тестирањето мора да се подобри, заедно со следењето на заразените, и евентуално воведување ограничен карантин за области, доколку е неопходно.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG