Линкови за пристапност

Сврзикапа: Оксфордската вакцина ќе излезе најдоцна до крајот на годината


Сврзикапа: Оксфордската вакцина најдоцна до крајот на годината
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:24 0:00

Македонскиот научник, охриѓанецот Ненад Сврзикапа е докторски студент на одделот за педијатрија на Универзитеотот Оксфорд во Англија, од каде се очекува да произлезе вакцина за Ковид 19. Ненад вели дека вакцината е во последната трета фаза на испитувања и отиочекувањата се дека ќе излезе до крајот на годината. Порачува дека е многу важно сите да се вакцинираат.

Глас на Америка: Ненад ти магистрираше биоинформатика на Харвард, а во моментот си докторски студент на Оксфорд Универзитетот, во делот за педијатрија, каде твој претпоставен е Ендрју Полард,кој важи за еден од одговорните за развивање на вакцината против Ковид 19. До која фаза е стигнато откривањето на оксфордската вакцина и колку таа е важна за светот?

Главен на одделот за педијатрија, каде се наоѓа и Сврзикапа е Ендрју Полард, кој е еден од одговорните за развивање на вакцината.


Ненад Сврзикапа: „Сега моментално сме во последната фаза, а тоае фаза три. И моментално оваа вакцина се тестира во земји, кадешто вирусот е на високо ниво. Во Индија, Бразил,Јужна Америка, САД и секако во Англија, каде почна развивањето на оваа вакцина. Јас работам во лабараторијата на професорот Метју Вуд, што е во одделението за педијатрија. Одделението за педијатрија и одделението за вакцини еедна група, на кои главен шеф на сите ни е Ендрју Полард. Јас таму работам на еден нов конпцет, каде штo сакаме да направиме еден универзален начин за подигнување на нивото на протеини, со што тоа би имало импликации за многу различни болести, како што е ракот или некои детски генетски болести“.

Глас на Америка: Кога најрано можеме да ја очекуваме на пазарот оваа вакцина?

Ненад Сврзикапа: „Вакцината од Оксфорд е многу важна, затоа што таа во моментот е најразвиена,затоа што многу брзо тимот на Оксфорд можеше да се прилагоди на овој вирус, затоа што некаде околу јануари тие развиваа вакцина за МЕРС. Така што тие успеја истиот тој вектор на дел од вирус на шимпанзо, што еобична настинка кај шимпанзо, да го вметнат и многу брзо да почнат со развивање на вакцината, а таа вакцина веќе беше тестирана на луѓе. Во јули веќе се објавија резултати кои покажуваат дека вакцината е безбедна. И покажуваат дека има развивање на имунитет како и дека имаме неутрализирачки анти тела, кои се развиваат со примање на таа вакцина. Така да ние сме оптимисти, дека ова ќе биде вакцина која ќе ни помогне на крајот. Информациите кои сега ги имаме се дека резултатите од оваа вакцина до регулаторните тела ќе дојдат до на крајот на оваа година, но јас мислам и сум оптимист дека тоа ќе биде некаде до крајот на октомври-ноември.Тоа ќе биде момент, кога датата ќе биде анализирана и ќе биде претставена пред регулаторните тела, кои ќе ја анализираат и ќе се осигураат дека оваа вакцина е безбедна и ефикасна.Само во тој случај ќе биде одобрена и ќе биде доставена насекаде во светот“.

Глас на Америка: Колку е важно кај самите граѓани да се влее доверба да се вакцинираат од Ковид 19?

Ненад Сврзикапа: „Ова е многу важно прашање, затоа што живееме во време каде што социјалните мрежи ги изедначуваат експертските мислења со некои информации кои не се точни.Јас препорачувам на сите да се вакцинираат, бидејки тоа не е само одговорност за вас да се заштитите, туку тоа е одговорност која ние ја имаме кон сите луѓет кои се околу нас“.

Глас на Америка: Каде Македонија треба да се насочи, кон која вакцина?Дали е многу важно и Македонија да ја осигура вакцината на Оксфорд?

Ненад Сврзикапа: „Експертите во Македонија мора да пратат која вакцина е најразвиена, која вакцина ќе биде најбезбедна и најефикасна за народот. Сега за сега немаме доволно информации, но јас сум сигурен, дека експертите во Македонија ја пратат оваа ситуација и дека и македонците ќе ја добијат истатат вакцина која е безбедна за целиот свет“.

Глас на Америка: Со оглед на тоа дека се наоѓаш на одделот за педијатрија на Оксфорд, колку е важно младата популација да се вакцинира со оглед на тоа дека младите важат за едни од најголемите преносители на корона вирусот?

Ненад Сврзикапа: „Младите ретко заболуваат, но младите се заштитени на некој начин. Сепак тие неможе да циркулираат, како што ние можеме да се шетаме насекаде. Сепак се тие под наша контрола.Точно е дека младите имаат поблаги симптоми, но сите овие испитувања кои ги вршиме сега, се на здрава популација на млади луѓе.Значи не е за деца и не е за постари луѓе, кои имале или имаат некои други симптоми.Јас мислам дека првото вакцинирање ќе биде точно на популацијата на која се тестираат клиничките испитувања и потоа следната година, кога ние сите ќе се вакцинираме, би требало вирусот веќе да падне.Меѓутоа ќе има и други испитувања, за да може вакцините безбедно да се дадат и на деца и на повозрасни луѓе“.

Сврзикапа во моментот е на релација Кембриџ Масачусец и Оксфорд во Англија. Работи на проектот чија што цел е да се направи универзален метод за подигнување на нивото на било кој протеин. Ако резултатите се позитивни тогаш воплан му е да отвори компанија која ќе работи на производство на лек кој ќе помгне во лекувањето на многу болести. Ненад е по потекло од Охрид, каде завршил основно и средно образование.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG