На првиот митинг од вклучувањето во претседателската кампања во последен момент, пејачот и продуцент Канје Вест во Јужна Каролина се осврна против абортусот и порнографијата и во одреден момент, се расплака пред присутните.
43-годишниот музичар и поранешен поддржувач на претседателот Трамп ја најави кандидатурата преку својот Твитер, на 4-ти јули. Нејасно е дали неговата кампања е сериозна или е обид за зголемување публицитет во јавноста што ќе му помогне да продава албуми и други заштитни работи од него.
Пред околу стотина лица, во Чарслтон, Јужна Каролина во Центарот за конвенции, Вест зборуваше без микрофон околу час и половина на разни теми.
Се расплака, кога ја раскажа семејната приказна како татко му сакал, мајка му да абортира пред да биде роден, но таа го заштитила.
Вест треба да собере 10.000 потписи до денес на пладне за да може да појави на гласачкото ливче во Јужна Каролина, според законот во оваа сојузна држава.
Facebook Forum